Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски и Хоти разговараа за европската перспектива на Западен Балкан

(Видео) Пендаровски и Хоти разговараа за европската перспектива на Западен Балкан
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Република Косово, Авдулах Хоти.На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните случувања во двете земји, за европската перспектива на државите од Западен Балкан, како и за севкупните мерки што се превземаат во справувањето со кризата од Ковид-19.

Пендаровски изрази уверување дека одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе продолжат да се развиваат во духот на добрососедството, и ќе бидат потврдени со конкретни иницијативи, кои истовремено ќе придонесат за просперитетен и стабилен регион и забрзана регионална соработка.

Во таа насока, соговорниците разменија мислења и околу можностите за продлабочување на билатералната и регионалната економска соработка, како и за поинтензивна комуникација помеѓу бизнис секторите на двете земји.

„Глобалната пандемија не смее да биде пречка за натамошно унапредување на економските и трговските односи, и за интензивирање на меѓусебната соработка и поддршка на планот на евроинтеграциите и спроведување на реформските процеси“, посочи претседателот Пендаровски на средбата со косовскиот премиер.

Претседателот Пендаровски го поздрави Договорот за економско нормализирање на односите меѓу Косово и Србија потпишан во Вашингтон, како исчекор во изнаоѓањето на конечен компромис, посочувајќи дека истиот ќе придонесе за севкупната стабилност на регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески