Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски додели ордени за заслуги

(Видео) Пендаровски додели ордени за заслуги
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Република Северна Македонија и им додели признание Повелба на Република Северна Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар.

На свеченоста која се одржа во Филхармонијата на Северна Македонија, претседателот Пендаровски во своето обраќање порача дека одликувањата се сатисфакција за посветеноста, за вложениот труд и за ефектите од него, на одликуваните.

„Но, тие се и нешто повеќе од тоа – тие се аргумент дека пошироката заедница поседува референтни точки врз основа на коишто може да ги гради понатаму своите развојни политики во сите витални општествени сфери. Освен што зборуваат за државните приоритети, одликувањата потврдуваат и дека во општеството постои јасно одбележана патека со критериуми за вреднување, во рамките на хуманите вредносни системи“, посочи претседателот на државата.

Пендаровски нагласи дека денешните добитнички на Орден за заслуги на Република Северна Македонија: Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска, како и институциите, добитници на Повелби на Република Северна Македонија: Факултетот за драмски уметности, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Националната установа Турски театар се примери за највисоки национални вредности кои опстојуваат со децении како неспорни константи во македонската држава и општество.

Можете да прочитате

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

Четири жени седнуваат на градоначалниките места – извојуваа победа на локалните избори