Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Пендаровски ги прими младите ракометарки: Постигнавте голем национален успех

(Видео) Пендаровски ги прими младите ракометарки: Постигнавте голем национален успех
Img 7972

По победата на ЕХФ шамионатот во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги прими ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација, селекција до 17 години, селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Честитајќи им го големиот успех, Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет.

„Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред сѐ, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка“, им порача претседателот Пендаровски на младите ракометарки.

Со победата на ЕХФ шамионатот, Македонија доби место на претстојното Европско првенство за кадетки.

На шампионатот во Литванија, 14-годишната Ива Младеновска беше прогласена за најкорисен играч, а во најдобриот тим, покрај неа, се најдоа и Теодора Дуковска и Марија Јовановска.

 

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам