Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Пандов: Бучковски, Османи, Димитров и Заев ќе одговараат за велепредавство

(Видео) Пандов: Бучковски, Османи, Димитров и Заев ќе одговараат за велепредавство

 

Бандата далтони составена од Бучковски, Османи, Димитров и Заев се откажа од придавката македонски, ќе одговараат за велепредавство, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои друга земја во светот во која што премиерот на онаков ноншалантен и лаконски начин се откажува од идентитетот и од придавката за која што се бореле илјадници македонци и го дале својот живот. Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката „македонски“ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија“, рече тој.

Оттука, додаде Пандов, заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Оттука тврдиме дека оваа банда далтони која што во моментот одлучува за македонската судбина, за македонската сегашност и македонската иднина немаат мандат и не смеат да одлучуваат за македонската иднина. Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија“, изјави Пандов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт