Утрински Весник
Свет

(Видео) Падобранец паднал преку покрив во куќа во Калифорнија, слетал директно во кујната

(Видео) Падобранец паднал преку покрив во куќа во Калифорнија, слетал директно во кујната
Dik 300x250 mk

Локалните жители повикаа полиција откако видоа дека падобранец паѓа неконтролирано. Тој паднал низ покривот на една куќа во Калифорнија, но за чудо преживеал, пишуваат локалните медиуми.

Британски војник на вежба за скокање со падобран од 4500 метри летал над куќата и паднал низ покривот. Неговиот падобран не бил целосно отворен и не можел да го контролира. За чудо преживеал, стои во натписите на новинарите.

Локалните жители повикале полиција откако виделе дека падобранот паѓа неконтролирано.

Случајот го потврди и британската полиција во Атаскадеро.

„Лицеот што леташе со падобран беше свесно по падот, но се жали на болка“, изјавија од полицијата. Според нив, тој немал видливи сериозни повреди. Во тоа време станарите не биле дома, се вели во соопштението.

Нема големи штети во куќата, освен на покривот.

Роуз Мартин, сосед на станарите каде падна лицето со падобран, преживувањето го нарече вистинско чудо.

„Кој може да слета така без падобран и да преживее“, кажа соседот.

Војникот бил пренесен во болница на лекување.

„Благодарни сме што падобранецот има претрпено само умерени повреди и што нема повредено други лица“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Американски борбен авион и хеликоптер се урнаа во Јужното Кинеско Море

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки