Утрински Весник
Магазин

(Видео) Остин Батлер блеска во биографскиот филм за Елвис Присли

Dik 300x250 mk

Австралискиот режисер Баз Лурман се враќа со опоен поглед на Елвис Присли. Кој подобро од еден од најголемите шоумени на кинематографијата да ни донесе биографски филм за кралот на рокенролот?

Неговиот театарски бренд на филмски остварувања, со сиот негов луд хедонизам, во филмовите како „Мулен Руж!“ и „Големиот Гетсби“, му прилега на Елвис како ракавица со кристали, пишуваат филмските критичари во своите рецензии.

Премиерно прикажан вон конкуренција на Канскиот филмски фестивал, „Елвис“ е диво возење од 159 минути кое ги носи гледачите од раните години на пејачот во Мемфис, Тенеси, до неговата смрт во 1977 година, на 42-годишна возраст.

Во филмот, кој никогаш не престанува да вибрира, како раѓањето на рокенролот да се случува токму пред вас.

Според повеќето филмски критичари, „Елвис“ е брилијантно отелотворен од Остин Батлер, младиот Американец кој се појави во „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино.

Овде, тој неверојатно го доловува сценското присуство на Елвис, ритамот на неговиот глас и неговата сè  поголема осаменост.

Приказната ја раскажува менаџерот на Елвис, полковникот Том Паркер (Том Хенкс), сомнителен лик, кој првпат го гледа својот млад штитеник на сцената со „мрсна коса и шминка за девојки“.

Тој го обликува Присли во ѕвезда.

Користејќи ги неговите песни (сè, од Hound Dog до In the Ghetto) за да ја раскаже приказната не само за него, туку и за турбулентната Америка која минува низ радикални промени во тоа време, „Елвис“ му оддава искрена почит на еден од најголемите забавувачи во светот.

Можете да прочитате

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња