Утрински Весник
Свет

(Видео) Ортодоксните Евреи во Бруклин палат маски во бунт против новите рестрикции

(Видео) Ортодоксните Евреи во Бруклин палат маски во бунт против новите рестрикции
Dik 300x250 mk

Толпи бесни ортодоксни Евреи ги преплавија улиците во Бруклин откако гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, објави строги ограничувања поврзани со Ковид-19, со што ќе се ограничи присутноста во синагогите, пренесува РТ.

Демонстрантите во паркот „Бороу“, претежно ортодоксна област на Бруклин, запалија куп фрлени маски сред улица.  Видеото објавено на социјалните мрежи покажува дека пожарникарите пристигнуваат на местото за да го изгаснат огнот.

Протестот, наводно, продолжил во раните утрински часови на средата, со мажи во традиционална ортодоксна облека што маршираат низ областа.

На друго место во градот полицијата се обидела да ги опкружи ортодоксните Евреи кои го славеле Сукот, еврејски празник со кој се одбележува есенската жетва. Друг агол покажува дека полицијата се обидува да ги растера еврејските толпи што го слават Сукот во Њујорк; полицајците на крајот се откажале и прибегнале кон блокирање на улицата.

Немирите доаѓаат откако Куомо го прогласи ортодоксниот кварт за „црвена зона“ со Ковид-19 и нареди да се затворат локалните училишта и несуштинските бизниси. Насочената блокада исто така ќе го ограничи присуството во сонагогите.

Во изјавата, ортодоксните законодавци од заедницата го обвинија Куомо за измама. Тие тврдеа дека Куомо им ветил дека на синагогите ќе им биде дозволено да работат со капацитет од 50 отсто за по неколку часа да објави дека богослужбите во „црвените зони“ ќе бидат ограничени на 10 лица, без оглед на нивната големина.

Лидерите на заедницата ветија дека ќе ѝ пркосат на наредбата, објавија локалните медиуми.

Водителот на радио и локална славна личност Хеши Тишлер рече дека ќе побара судска наредба за казнување на Куомо и „идиотот од градоначалник“ Бил де Блазио за непочитување на неодамнешната судска одлука што ја спречува државата Њујорк да ги издвојува верските собири кога воведува ограничувања за коронавирусот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…