Утрински Весник
Свет

(Видео) Опозицијата во Црна Гора слави победа

(Видео) Опозицијата во Црна Гора слави победа

Лидерот на коалицијата „ За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ изјави дека режимот паднал, а ширум Црна Гора граѓаните прославуваат.

Во Беране во центарот на градот се насобрани голем број граѓани кои пејат и го слават поразот на ДПС.

„Мило Ѓукановиќ мора да прифати онака како што одлучи народот. Ова е најсилната победа во нашите животи“, рече Марко Милачиќ, кандидат за пратеник од коалицијата „За иднината на Црна Гора“.

„Сакам од овде да го повикам Ѓукановиќ еднаш во животот да биде зрел човек, да биде нормален човек и ова да го прифати онака како народот го одлучи. Нека ни е среќна победата. Останете дома, има време за славење, 30 години го чекавме ова, ќе прославиме како што треба“, рече Милачиќ на прес-конференцијата во Црна Гора.

На новинарско прашање што ќе се случи ако до утре ДПС прогласи побед и каже дека може да формира влада, Милачиќ рече:

„Нема да прогласи победа, резултатите се потполно јасни, Слободна Црна Гора одлучи. Ѓукановиќ нека ги пакува куферите и во политичка и во секоја смисла“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија