Утрински Весник
Свет

(Видео) Оклопни возила на плажа поради напливот на мигранти, Санчез вели – сериозна криза за Европа

(Видео) Оклопни возила на плажа поради напливот на мигранти, Санчез вели –  сериозна криза за Европа

Ненадејниот прилив на мигранти кои пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка е сериозна криза за Европа, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тој вети дека брзо ќе го воспостави редот во услови на зголемени дипломатски тензии со Мароко. Шпанија распореди и воени трупи во Сеута, а Мароко го покани својот амбасадор во Мадрид на консултации, потсетува „Спутник“.

„Ќе воспоставиме ред во градот и неговите граници“, рече Санчез во телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Шпанија распореди војници и испрати дополнителни полициски сили во Сеута за да патролираат на границата со Мароко откако околу 8.000 мигранти, од кои 1.500 малолетници, влегоа во енклавата во понеделникот и вторникот.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека Шпанија испратила уште 200 полицајци во Сеута за да патролираат на границата со Мароко.

Оклопни возила ја чуваа плажата во Сеута во вторникот, а војниците и полицијата ги тргнаа мигрантите од плажата и фрлаа димни бомби за да ги спречат другите да преминат.

„Ројтерс“ објави дека многу помалку мигранти сега се обидуваат да влезат во шпанската енклава и дека повеќето од оние што веќе влегле ја напуштиле плажата.

Шпанија соопшти дека околу 4.000 мигранти биле вратени во Мароко.

Мароко го покани својот амбасадор во Мадрид на консултации, откако илјадници мигранти допливаа во шпанската енклава Сеута од Мароко, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Извор кој сакаше да остане анонимен изјави дека треба да се разгледаат односите со Шпанија.

Можете да прочитате

Во Москва средба Лавров – Чое

Mасовно пукање во Франција, учествуваа стотици луѓе, пет беа тешко ранети

Тајфун го опустоши Тајван, двајца загинати и 580 повредени