Утрински Весник
Економија

(Видео) Одобрени 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Со кредитната линија КОВИД 3 одобрени се 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра, истакна на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Таа оцени дека во време на здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува со поддршка на сите погодени од коронакризата, преку владините економски пакети.

„Нови 733 кредитни барања се одобрени преку Развојната банка, од третата бескаматна кредитна линија, со грант компонентна, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај одобрените претпријатија, вработени се вкупно 15.197 граѓани“, истакна Георгиевска.

Како што додаде, со оваа кредитна линија, поддржани се 1.123 мали компании, 741 микро компании, вкупно 106 трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се одобрени за занаетчиите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз

ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити