Утрински Весник
Свет

(Видео) Одете дома, не сакаме никого да повредиме-талибанците со повик до луѓето на аеродромот во Кабул

(Видео) Одете дома, не сакаме никого да повредиме-талибанците со повик до луѓето на аеродромот во Кабул

Талибанците ја повикаа толпата што чека пред аеродромот во Кабул со надеж дека ќе избега од земјата, да се разотидат и да си заминат дома, велејќи дека не сакаат да повредат никого.

Во меѓувреме, САД и другите западни сили продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани и некои Авганистанци, а остатокот од земјата чека да види дали неодамнешниот ден на независноста на државата ќе предизвика повеќе анти-талибански протести, пренесуваат светските медиуми.

Во средата, некои луѓе беа спречени да влезат на аеродромот, рекоа очевидци. „Пукаа во воздух, ги туркаа, ги тепаа ударајќи ги со пушките“, вели очевидец.

Кабул е релативно мирен откако Талибанците ја преземаа власта, но оттогаш ситуацијата на аеродромот е хаотична, проценуваат во своите натписи агенциите.

Дванаесет луѓе го загубија животот на аеродромот и околу него од неделата. Некои беа убиени од куршуми, некои од стампедо, изјавил талибански претставник.

Тој ги повикал луѓето кои немаат законско право да патуваат да си одат дома. „Не сакаме да повредиме никого на аеродром.

Околу 8.000 луѓе се евакуирани од земјата од неделата, изјави неименуван западен претставник. Американската војска има контрола врз аеродромот, но талибанците патролираат надвор од нејзиниот безбедносен простор.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека американските сили ќе останат додека не заврши евакуацијата на Американците, дури и ако тоа значи кршење на рокот за целосно повлекување на 31 август.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата