Утрински Весник
Свет

(Видео) Огромни бранови прекинаа свадба на Хаваи

Dik 300x250 mk

Изминатиов викенд огромни бранови го преплавија јужниот брег на Хаваи. Поплавени се куќи во крајбрежјето.

dobivaj vesti na viber

Националната метеоролошка служба објави дека силните бранови, некои високи и до шест метри, биле предизвикани од комбинација на силни јужни ветрови, особено плимата и осеката и зголемувањето на нивото на морето.

Брановите прекинаа свадбена прослава, а по ударот на терасата се расфрлаа маси и столови.

„Брановите беа огромни. Еден од нив само помина преку ѕидот и ги уништи масите и столовите”, изјави Сара Акерман, која го сними видеото.

„Ситуацијата не беше опасна по живот. Сите се прашувавме каде ќе ги ставиме масите“, рече Акерман, додавајќи дека тие продолжиле да слават откако го исчистиле нередот.

Крис Бренчли, метеоролог во канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Хонолулу, рече дека неколку фактори се комбинираат за да создадат толку големи бранови.

„Ретко имаме бранови поголеми од 3,5 метри. Ова беше најголем во последните децении“, рече Бренчли. Бранот потекнува од Јужниот Пацифик, каде моментално е зимската сезона.

„Во овој удар имавме бранови кои достигнаа висина од шест метри. Тоа е историско ниво“, заклучи Бренчли.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност