Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП и Ројтерс.
Напаѓачот „уби, на суров и луд начин, 18 ученици и наставници“, изјави Грег Абот.
Осомничениот, 18-годишниот Салвадор Рамос, исто така беше убиен од полицијата во трагедијата во основното училиште Роб, 130 километри од градот Сан Антонио.
“Тој излегол од возилото. Имал пиштол и најверојатно пушка. Живеел во Увалде, Тексас. Го убиле полицајци кои дошле на местото на настанот”, рекол гувернерот. Пред нападот на училиштето ја убил и својата баба.
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа моментот кога напаѓачот влегол во основното училиште, пред да почне да убива невини жртви.
Пукањата на јавни места се речиси секојдневно во Соединетите држави, а вооруженото насилство е во пораст во големите градови како Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, особено по пандемијата во 2020 година.
Во средината на мај, Америка беше потресена од расистички вооружен напад во кој загинаа 10 црнци во продавница во Бафало, Њујорк, пренесе Индекс.хр.