Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена снимка од првиот руски војник кому во Киев му се суди за воено злосторство

Украинските медиуми објавија видео од Вадим Шишимарин (21), првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства извршени во Украина. Станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија Кантемировскаја, од Московската област.

Тој денеска се појави пред судот во Киев, каде ќе му се суди за убиство на 62-годишен украински цивил. Му се заканува доживотна затворска казна за убиството на маж на 28. февруари во селото Чупахивка, источно од Киев.

Според обвинението, војникот во обид да им побегне на украинските војници, од украден автомобил застрелал 62-годишен маж на велосипед кој зборувал на неговиот мобилен телефон.

Обвинителството не открива како бил фатен војникот, ниту подетално извести за доказите кои би укажале на воено злосторство. Истрагата ја спроведе Украинската служба за безбедност (СБУ).

Меѓународниот кривичен суд кон крајот на април објави дека ќе учествува во заеднички тим од украински, полски и летонски обвинители кои ги истражуваат наводите за воени злосторства од страна на руските сили.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија