Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена снимка од моментот кога се сруши облакодерот во Флорида

(Видео) Објавена снимка од моментот кога се сруши облакодерот во Флорида

Репортерот на телевизијата „Фокс“, Енди Слејтер на „Твитер“ објави снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, најпрво попуштил средишниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и страничниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 станови во градот Сурфсајд, во близина на Мајами бич, се урнал во текот на ноќта. Уништени се 55 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а 35 се извлечени од урнатините.

Во тек е голема операција за спасување, која може да трае со денови.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран