Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Обезбедени се вакцини за 400 илјади граѓани, ќе пристигнат на почетокот на идната година

(Видео) Обезбедени се вакцини за 400 илјади граѓани, ќе пристигнат на почетокот на идната година
300x250 opst2

Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на ковакс механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година, информираа од Владата во врска со набавката и пристигнувањето на вакцината против Ковид-19.

„Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите, кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Грција ќе бидат наменети за нашите граѓани. Ова e потврдено уште еднаш во телефонски разговор со грчкиот премиер Мицотакис“, вели владиниот портпарол Душко Арсовски.

Во врска со планот за тоа по кој редослед ќе се вакцинираат граѓаните во нашата држава, портпаролите на Владата, истакнаа дека, штом биде достапна вакцината во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа. Потоа, ќе се вакцинираат политичарите и како што најави премиерот Заев и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19. Според следењето на процесот на развој, кој нашата држава го прави од сите клинички студии за вакцината, Владата верува во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

Мицкоски од Струга: Судството и обвинителството ги штитат СДСМ и ДУИ

Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм, истите манипулации, истите кукавички стратегии