Утрински Весник
Свет

(Видео) Нови немири во Ерусалим по петочната молитва и покрај прекинот на огнот

(Видео) Нови немири во Ерусалим по петочната молитва и покрај прекинот на огнот

Нови судири меѓу Палестинците и израелските власти се случија во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим еден ден откако Израел потврди дека Кабинетот за безбедност едногласно гласал за одобрување на примирјето меѓу Тел Авив и Хамас, пренесува „Спутник“.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинците фрлале камења кон полицајците, па властите морале да започнат со мерки за сузбивање немири, користејќи шок-бомби и солзавец за да ги растераат толпите Палестинци вклучени во судирите.

Палестинската Црвена полумесечина пријави 15 повредени лица во судирите меѓу Палестинците и полицијата.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија тела на загинати војници

Мелони: Не смее да има патарина за премин низ Ормускиот теснец

(Видео) Работник запали магацин во САД: Требаше подобро да нѐ плаќате