Утрински Весник
Свет

(Видео) Новинар известуваше од Газа, зад него се сруши зграда

(Видео) Новинар известуваше од Газа, зад него се сруши зграда

За време на директно известување на Би-би-си за ситуацијата во Газа, зад новинарот се сруши погодена зграда.

Арапскиот новинар на Би-би-си, Аднан Елбурш и неговиот тим продолжија да емитуваат програма, иако не знаеја што ги чека подоцна, а животот им беше во опасност. Извештајот бил емитуван во средата, за време на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и палестинските милитанти.

Во еден момент, се слуша како водителот му кажува на новинарот да го напушти местото ако неговиот живот е во опасност.

„Аднан, дали си добро? Те молам, престанете да емитувате ако сте во опасност. Гледам дека гаѓаат објекти што се веднаш спроти вас“, вели водителот на емисијата. Неколку секунди подоцна, проектил ја погоди зградата, кој целосно се сруши.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа