Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: Информациите за криминалот во РЕК Битола ги добивме од член на највисокото раководство на СДСМ

(Видео) Николоски: Информациите за криминалот во РЕК Битола ги добивме од член на највисокото раководство на СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека информациите за криминалот во РЕК Битола дошле до ВМРО-ДПМНЕ од највисокото раководство на СДСМ.

Според него, наместо да се истражува Вице Заев и раководството на РЕК Битола, кое, како што рече, се обидело да направи рекет од 250 илјади евра, се гонеле оние кои што наводно го информирале ВМРО-ДПМНЕ за тој криминал.

„ Да им помогнам на СДСМ да престанат со овој начин на дејствување и наместо да ги гонат оние кои што наводно ги дале информациите треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250.000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе, а ќе им помогнам ан начин што еве ексклузивно ќе кажам денес тука од Охрид дека информациите до ВМРО ДПМНЕ не стигнаа од вработени во Министерството за внатрешни работи ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција, туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ, кој што заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме, но повторувам информациите за криминалот во РЕК Битола и за рекетот во РЕК Битола стигнаа од високо позициониран член на најтесното раководство на СДСМ“ рече Николоски.

Тој исто така нагласи дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ поседува бројна документација за други афери и скандали од коруптивен карактер, кои што, како што рече, ќе ги изнесат во јавноста во следниот период, а кои исто така се добиени од високо позиционирани лица во самиот врв на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ: Тошковски треба да поднесе оставка по бројните скандали во изминатите месеци

За низа пропусти и афери во МВР, Тошковски вината ја бара во други

Спасовски: Власта ја укинува дебатата во Собранието, штанца закони по итна постапка