Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, историја и култура

Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, кажал Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на летниот камп „Балвањос“ во Романија.

dobivaj vesti na viber

„Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме Уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот Устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик“, вели Николоски.

Прашува, што би направила нормална личност на ова? „Би кажала НЕ благодарам“, додаде тој.

„Што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори. За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување, нагласил потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во неговото обраќање.

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд