Денеска во Собранието се одржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На расправата се обрати пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој побара интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, како и тоа Заев да го исполни она што го ветил во 2016 година.
„ Јас и во кампањата зборував дека зелената мафија царува во Македонија и таа ја јаде маката на македонските земјоделци, а кога почнуваше кампањата некаде во јуни месец беше тешко да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари, уште потажно е да се гледа овие денови како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари – истакна Николоски.
Николовски објасни дека за да земјоделецот заработи 100-тина евра, треба да продаде меѓу три до четири ипол илјади килограми грозје, што е тажната вистина за македонските земјоделци.
Пратеникот Николовски го критикуваше премиерот Зоран Заев, затоа што како што вели требало да се појави на јавната расправа, затоа што тој својот мандат, како носител на листа го побарал во 4-тата изборна единица, како и тоа дека својот легитимитет го влече од луѓето кои се таму. Без разлика што Зоран Заев изгуби и во Кавадарци, и во Неготино, и во Демир Капија, и во Росоман, и во Гевгелија фер е да најде решение за овие луѓе, затоа што премиерот ги претставува нив“ рече Николоски.
Тој меѓудругото прочита три јавни изјави од Зоран Заев кои се однесуваат на откупот и на грижата за земјоделците.