Утрински Весник
Магазин

(Видео) Николас Кејџ се глуми себеси во нова акциона комедија

(Видео) Николас Кејџ се глуми себеси во нова акциона комедија

Холивудскиот ветеран Николас Кејџ откри дека неговата првична реакција на понудата да се глуми себеси во „Неподносливата тешкотија на огромниот талент“ била одлучно ‘не’.

Филмот го следи Кејџ и неговата кариера, која трае повеќе од четири децении. Тој го глуми Ник Кејџ, остарен актер кој се бори да резервира нови улоги. Очаен, тој ја прифаќа понудата да се појави на роденденска забава на богат фан во Европа во замена за хонорар од 1 милион долари.

Кејџ, кој не знае дека фанот е вусшност опасен криминалец, го ангажираат двајца оперативци на ЦИА и му даваат задача да го ликвидира. Задачата станува комплицирана кога Кејџ и неговата цел се поврзуваат поради нивната љубов кон киното, а ќерката и поранешната сопруга на Кејџ ќе се најдат во незавидна ситуација.

Косценаристите Том Гормикен и Кевин Етен се надевале дека Кејџ ќе ја преземе улогата.

„Реков ‘не, не, не’. Ништо во моето тело, ниту мускул во телото не ми кажа да се играм во филм,“ рече актерот за „Ројтерс“, додавајќи дека писмо од сценаристот Гормикен, кој и го режира филмот, го натерало да се премисли.

Можете да прочитате

„Планетите зборуваат“: Првите три куќи го откриваат идентитетот, парите и комуникацијата

Јанковска: Сонцето влезе во Овен – започнува новата астролошка година

Неверојатна глетка во Бразил: две реки се среќаваат, но не се мешаат