Утрински Весник
Свет

(Видео) Не престануваат протестите во Србија, камења и факли летаат кон полицијата

(Видео) Не престануваат протестите во Србија, камења и факли летаат кон полицијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на повеќе од 10 луѓе на јавни места, пренесуваат српските медиуми.

Незадоволни од политичката и епидемиолошката ситуација во земјсата, граѓаните излегоа на улиците во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот, Врање.

По 20.30 часот избија судири меѓу десничарите, припадниците на „Левијатан“ и „Образ“. Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата, која пак се обиде со солзавец да ги растера.

Демонстрантите кршат прозори и врати на Собранието, ја пробиле заштитната ограда и се качиле на собраниските скали, а потоа се обиделе да упаднат во зградата на Народното собрание. Запалиле и факли. Пристигнуваат и припадници на жандрмеријата.

Како што пренесуваат српските медиуми, демонстрант со маска пред Собранието нападнал новинар на Н1.

Според информациите, уапсен е демонстрант поради сомневање дека на протестот пред Собраниската зграда, по караница со нож прободел 32-годишен маж.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп