Утрински Весник
Свет

(Видео) Ненси Пелоси го посети Зеленски во Киев, eвакуирани првите цивили од Азовстал

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси го посети украинскиот претседател Володомир Зеленски во Киев.

На видеото кое штотуку го сподели Зеленски се гледа како Пелоси пристигнува со делегација од американски претставници.

„Ве посетуваме за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата“, рече Пелоси.

Некои цивили веќе се евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, откако беше воведен прекин на огнот, изјави командантот на Азовскиот полк, еден од украинските војници кој беше заробен во Азовстал.

Капетанот Свјатослав Паламар, заменик командант на Азовскиот полк, изјави дека прекинот на огнот, кој требаше да започне во 6 часот по локално време, конечно започна во 11 часот по локално време.

„Засега, точно е, двете страни го почитуваат режимот за прекин на огнот“, рече тој и истакна дека конвојот за евакуација доцнел, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица