Утрински Весник
Свет

(Видео) Немири и судири со полицијата во Јафа по нападот на рабин на улица

(Видео) Немири и судири со полицијата во Јафа по нападот на рабин на улица

Израелската полиција распореди коњаница и користеше шок-бомби за да ги растера демонстрантите во градот Јафа, во близина на Тел Авив, каде што еден рабин беше претепан од локалното население при извидувањето за ново место за јашивата, верско училиште што го управува, пренесуваат агенциите.

Интервентната полиција испукала шок-бомби за да ја растера толпата, која палеше контејнери за ѓубре и ги кршеше прозорците на паркираните возила.

Полицајци на коњи патролираа по улиците каде што демонстрантите се обидуваа да подигнат импровизирани барикади и подоцна ги запалија.

Протести избија кратко откако рабинот Елијаху Мали, раководител на јешивата „Моше Хесдер“, бил нападнат среде бел ден на улица во мешаниот еврејско-арапски град во непосредна близина на Тел Авив. На социјалните мрежи кружи наводна фотографија од нападот, на која се гледа како маж го клоца рабинот додека друг маж агресивно ја крева тупаницата.

Според израелските медиуми, Мали и неговиот соработник биле во потрага по зграда во која би ја сместиле јешивата. Тие, наводно, влегле во една зграда за да го видат имотот, но потоа биле опкружени со непријателски настроени арапски жители кои почнале да викаат и им наредиле да заминат.

„Во тој момент Мали беше претепан. На рабинот не му била потребна хоспитализација поради повредите, објави „Тајмс оф Израел“.

Весникот „Хаарец“ ја цитира полицијата велејќи дека две лица на возраст од околу 30 години биле уапсени во врска со нападот. Тие се потстанари во станови во зградата каде што бил нападнат рабинот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди насилството врз рабинот и ѝ се заблагодари на полицијата која брзо ги приведе осомничените. Лидерот на десничарскиот блок Јамина, Нафтали Бенет го нарече нападот национална срамота.

Арапската заедница на Јафа одржа контрапротест, извикувајќи „Доселеници надвор“, бидејќи некои локални жители сметаат дека разговорите за продажба на зградата на сопственикот на јешива се обид да се избркаат Палестинците, пишува „Хаарец“.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени