Утрински Весник
Спорт

(Видео) Немили сцени пред ковчегот на Марадона: Фанови се судрија со полицијата

(Во живо) Последно збогум за Марадона, улиците на Буенос Аирес претесни за реката од фанови

Улиците на аргентинската престолнина Буенос Аирес се претесни за реката фанови кои сакаат да му кажат последно збогум на фудбалскиот ас, Диего Армандо Марадона.

Ковчегот со телото на Марадона е изложен во Розовата куќа (Каса Росада), претседателската палата во срцето на аргентинскиот главен град.

Аргентинците скршени од болка ја испраќаат фудбалската легенда, по тажната вест која беше објавена во средата, а се проценува дека милион луѓе ќе му оддадат почит на поранешниот фудбалер.

Ковчегот на Марадона ќе биде изложен во претседателската палата во следните 48 часа, пренесуваат спортските портали.

Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог. Сепак, се случи и инцидент кога се степаа дел од граѓаните со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми, зашто дел од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.

Работите функционираат така што насобраните фанови минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со Марадона, за што нема многу време, бидејќи луѓето можат да поминат само покрај ковчегот меѓу кој има ограда.

> (Видео) Немили сцени пред ковчегот на Марадона: Фанови се судрија со полицијата <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ