Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нелоски: Ако може да се финансираат обуки за магариња, може да се врати и цената на струјата

(Видео) Нелоски: Ако може да се финансираат обуки за магариња, може да се врати и цената на струјата
Dik 300x250 mk

Оваа мафијашка власт и Регулаторната Комисија повторно се глуви за барањата на граѓаните, рече претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, на вечерашниот протест со возила поради поскапувањето на струјата.

„Како ВМРО-ДПМНЕ и денеска излеговме на овој протестен собир, каде што ги кажавме нашите две барања, а тоа се: Најпрво да се врати поранешната цена на струјата и дополнително Регулаторната Комисија и претседателот Марко Бислимоски да најдат конечно храброст и да се повлечат од комисијата за да дојдат луѓе кои што ќе бидат експерти во таа област и ќе ја вршат работата не под насока на власта и Зоран Заев, туку онака како што треба“, посочи Нелоски.

Претставникот на опозициската партија рече дека Македонија е единствена земја во која што во екот на економска криза од ковид-пандемијата, граѓаните имаат уште еден товар, да плаќаат поскапа струја.

„Нема тука да застанеме, ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните и да ја потсетуваме Регулаторната Комисија дека граѓаните крпат крај со крај и дека им е потребно помош од нивна страна, а не уште еден товар кој што ќе треба тие финансиски да го сносат“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека ако власта наоѓа начини да финансира обуки за магариња и фризерници, тогаш мора да има слух и за цената на струјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош