Утрински Весник
Свет

(Видео) Невреме во Хрватска, снег на планините и во Словенија

(Видео) Невреме во Хрватска, снег на планините и во Словенија

Попладнево невреме ги зафати Истра и северниот Јадран во Хрватска. Како што јавија хрватските медиуми, локално наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен до 14 часот, а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег.

Порталот Индекс објави дека невремето, придружено со пороен дожд и грмежи, најмногу ги погодило Ровињ, Истра и Кварнер.

Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац.

Покрај обилни врнежи, метеоролозите најавуваат и грмежи, особено во Сплит и Риека.

Бидејќи температурата на морето е сè уште релативно висока, можен е развој на силно невреме над морето.

Снег падна и на Крањска Гора, познат ски-центар во Словенија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО