Утрински Весник
Свет

(Видео) Невремето стигна во Киев – низ тунелите на метрото тече река

(Видео) Невремето стигна во Киев – низ тунелите на метрото тече река
Dik 300x250 mk

Улиците и метро-станиците во Киев се преплавени со вода поради силниот дожд, градот е заглавен во сообраќаен метеж.

Нема извештаи за жртви, а според снимките, реки течат низ тунелите во метрото.

Операторот на подземната железница во Киев објави дека се затворени станиците во кои продрела вода, пренесува „Укринформ“.

Во поплавите што погодија делови од Западна Европа, загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати.

Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.

Федералните и провинциските влади во Германија ја проценуваат штетата на неколку милијарди евра.

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови