Утрински Весник
Свет

(Видео) На церемонијата на Благодатниот оган во Ерусалим присуствуваа 4.000 верници

(Видео) На церемонијата на Благодатниот оган во Ерусалим присуствуваа 4.000 верници

На христијанската церемонија на „Благословен оган“ во црквата Светиот гроб во Ерусалим денеска присуствуваа 4.000 верници, во согласност со одлуката на израелските власти да го ограничат бројот на собрани од безбедносни причини, иако црковните великодостојници се спротивставија.

Властите соопштија дека со ваквата одлука сакале да спречат уште една катастрофа, како онаа кога минатата година во стампедо на преполното еврејско свето место загинаа 45 лица, наведува АП.

Црковните великодостојници инсистираат на тоа дека нема потреба да се менува церемонијата што се одржувала со векови.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро