Утрински Весник
Свет

(Видео) На Дунав се појавија остатоци од германски бродови од Втората светска војна

Овогодинешната суша, за која научниците сметаат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци од воени бродови во дел од Дунав кај Прахово во источна Србија.

dobivaj vesti na viber

Најлошата суша во Европа во изминатите години ја доведе моќната река Дунав на едно од најниските нивоа во последните сто години, откривајќи ги остатоците од десетици германски воени бродови потонати со експлозиви за време на Втората светска војна во близина на Праховo.

Бродовите, потонати на реката Дунав, биле дел од Црноморската флота на нацистичка Германија во 1944 година додека се повлекувале од напредните советски сили.

И денес овие бродови го попречуваат речниот сообраќај кога нивото на водата е ниско.

Сепак, овогодинешната суша, за која научниците веруваат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци на воени бродови на делот на Дунав кај Прахово во источна Србија. Тони муниција и експлозив се уште има во многу од нив што претставува опасност.

„Расфрлани“ по коритото на Дунав, некои од бродовите сè уште имаат куполи, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат главно потопени.

– Германската флотила зад себе остави голема еколошка катастрофа која 78 години ни се заканува на нас жителите на Прахово, вели за Ројтерс, Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово, кој напишал книга за овие бродови.

Во близина на Прахово, некои од овие урнатини го стесниле водениот пат на овој дел од Дунав на само 100 метри од можни 180.

– Овде секако имаме околу 10.000 експлозивни направи. Не ја знаеме нивната состојба и дали можат да експлодираат или не. Но, ако некој експлодира, тогаш можете да погодите што не чека – додава Трајиловиќ.

Владата на Србија во март објави тендер за извлекување на остатоците и отстранување на муниција и експлозиви. Цената на операцијата беше проценета на 29 милиони евра.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп