Лидерот на Брегзит, Најџел Фараж, објави на својот канал на „Јутјуб“ дека тој и еден негов пријател спасиле двајца илегални мигранти од давење во немирните води на Ла Манш. Фараж во последните неколку месеци го насочи својот фокус од Брегзит кон разоткривање на тековната криза во Ла Манш, а особено начинот на кој француските власти честопати ги придружуваат чамците со мигранти во британските води наместо да ги пресретнуваат и да ги враќаат назад.
Во неделата Фараж испловил на море за да оди на риболов.
„Стигнавме, но временската прогноза беше погрешна. Не беше сончево, беше многу облачно. Ветерот беше многу посилен отколку што очекувавме и морето беше многу понемирно и помисливме да си одиме.Околу пет милји во Ла Манш, во далечината видовме мал портокалов чамец како се бори со брановите. Не ми се веруваше дека има некој во водите на тоа време, но ние отплововме до него и тоа беше кајак на надувување“, рече Фараж, покажувајќи снимки од двајцата мажи, кои наводно биле на море околу 18 часа.
„Еден од нив воопшто не беше во добра состојба. Им кажавме дека ја повикавме крајбрежната стража и дека помошта ќе пристигне, но потоа чамецот се преврти на брановите. Едниот од нив имаше елек за спасување, другиот не, тој потона под вода но, за среќа, се врати на површината и двајцата се фатија за превртениот кајак“, раскажува тој.
This morning I stopped a tragedy waiting to happen in the English Channel. Two migrants in a small kayak would have drowned. pic.twitter.com/MLxxv3hfCD
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) November 29, 2020
Фараж и неговиот пријател се обиделе да пренесат еден од мигрантите на својот брод, но тој немал сила да се прекачи. Затоа го свртеле кајакот и им помогнале да двајцата да се вратат во него и го врзале.
„Тие беа спасени, но беа мокри до гола кожа и премрзнати. Им дадовме неколку шолји топло кафе со шеќер, по што се појави Крајбрежната стража. Оваа Крајбрежна стража за која трошиме толку многу пари ни рече ние да ги префрлиме двајцата на нашиот брод, и тие потоа ќе ги земат директно од кај нас“, продолжи Фараж.
„Ова резултираше со ќор-сокак со граничната агенција“, рече Фараж, додавајќи дека е стаписан од нивниот непрофесионализам во таа ситуација. За среќа, чамец за спасување од Кралската национална институција за спасување на крај, по околу еден час, ги презел мигрантите.
„И имајте на ум, сето ова се случува во неделата кога ѝ дадовме на француската влада уште 28 милиони фунти – да, 28 милиони фунти – да ги запрат чамците да доаѓаат. Треба да испратиме сигнал, инаку она што го видов денес, во текот на овие зимски месеци ќе доведе до низа трагедии, а можеби и до една или две големи“, додаде тој.
Фараж рече дека на крајот на транзицијата за Брегзит, министерката за внатрешни работи, Прити Пател, мора да истакне дека дека секој што ќе дојде по оваа рута нема да смее да остане.
„Така направија Австралијците, а ако ние не го сториме тоа, ќе сведочиме на трагедија. Јас денес за малку ќе посведочев на трагедија во Ла Манш“, рече тој.