Најмалку 14 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се преполови за време на слетувањето на силниот дожд во Индија. Во авионот кој полетак од Дубаи имало 190 патници.
Претставникот на полицијата Абдул Карим изјави дека еден од пилотите е меѓу загинатите и дека 15 од повредените се во критична состојба. Портпаролот на Министерството за цивилно воздухопловство, Раџив Џаин изјави дека не избувнал пожар по слетувањето на Боингот 737.
Kerala: An Air India Express plane skidded during landing at Karipur Airport, Kozhikode. More details awaited. pic.twitter.com/TxrQEzxPDV
— ANI (@ANI) August 7, 2020
Со овој лет се враќале индиските државјани во земјата. Редовните комерцијални летови се суспендирани во Индија поради епидемијата на коронавирусот.
Visuals from the #AirIndia crash site in Calicut. Let’s pray for the victims. pic.twitter.com/g9Ke77by1G
— #Stay_Home #Stay_Safe (@imAnkeshanand) August 7, 2020
Џаин изјави дека во авионот имало 174 полнолетни патници, 10 деца, двајца пилоти и четворица членови на екипажот.
Амитаб Кант, шеф на владината комисија за планирање, рече дека пистата се наоѓала на еден рид со длабоки засеци од двете страни, што го отежнува слетувањето.
Air India plane with 191 passengers skids off runway in Calicut. More details awaited. #calicut#karipur pic.twitter.com/Py1SlcEyGf
— #Stay_Home #Stay_Safe (@imAnkeshanand) August 7, 2020
„Инцидентот се случил поради силниот дожд и слабата видливост, ова е навистина ужасно“, рече тој за НДТВ.
Ер Индија експрес е подружница на Ер Индија.
Индискиот премиер Нарендра Моди напиша во порака на Твитер дека е тешко погоден од авионска несреќа во Кохикодеу и дека разговарал со шефот на државата Керала.