Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку петмина повредени во инцидентот со автомобил во Лондон

(Видео) Најмалку петмина повредени во инцидентот со автомобил во Лондон

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во Лондон.

Лондонска итна служба објави дека пет лица се пренесени во главната болница, пишува „Скај њуз“.

Инцидентот се случил на Стемфорд Хил, каде минувачи го снимиле скршеното стакло околу делумно уништената автобуска станица.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат сребрена „тојота“ со сериозно оштетување на предниот дел, која удрила во дрво пред мини маркетот.

Полицијата ја опколи областа.

https://www.youtube.com/watch?v=_M1sDNtdXz4

Скотланд Јард соопшти дека инцидентот се случил нешто после 9:30 часот, додавајќи дека истражителите не веруваат оти е поврзан со тероризам. Во моментов нема апсења во врска со случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени