Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во Пуна.

Пожарот го гаснат пожарникарски екипи, соопшти началникот на противпожарната служба.

Три лица биле спасени од зградата, а причината за пожарот сè уште не е позната. Според последните информации, пренесени од „Тајмс оф Индија“, загинале пет лица. Информацијата дека има мртви ја потврди извршниот директор на компанијата, Адар Пунавала.

Пожарот не ги зафатил магацините во кои имало околу 50 милиони дози од вакцината „Ковишилд“, ниту пак погоните во кои се произведува вакцината против Ковид-19, објави телевизијата НДТВ, повикувајќи се на извор од институтот. Уништени се неколку ката.

Индискиот институт за серуми е најголемиот производител на вакцини во светот. Оваа година планира да произведе милијарда дози вакцини против Ковид-19.

Индија планира да вакцинира 300 милиони луѓе до август. Го има вториот најголем број на заразени лица од почетокот на пандемијата, по САД.

Регистрирани се повеќе од 10,5 милиони случаи, а починале 153 000 луѓе.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“