Утрински Весник
Свет

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина започна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина започна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно во јужниот град Шенжен.

Облакодерот „СЕГ плаза“, висок речиси триста метри, необјасниво почна да се ниша околу 13 часот по локално време, а евакуацијата на луѓето што беа во него беше веднаш организирана, додека минувачите на околните улици гледаа со неверување и уплашено.

Зградата е затворена во 14.40 часот, објавија локалните медиуми.

Зградата е завршена во 2000 година во срцето на еден од кинеските градови со најбрз раст. Во кулата се наоѓа еден од главните пазари за електроника и разни канцеларии.

Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува зошто се нишаше облакодерот во областа Футијан во Шенжен, се наведува во соопштението на платформата „Веибо“.

„По проверката и анализата на податоците од повеќето станици за набљудување земјотреси во градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението.

„Причината за новонастанатата состојба со облакодерот ја проверуваат разни институции.

Во моментот не е познато што ќе стори владата во овој случај, пишуваат медиумите.

Видеа на минувачи објавени од локалните медиуми покажуваат како облакодерот се ниша, додека стотици преплашени минувачи бегаат.

„СЕГ е целосно евакуиран“, напиша еден од минувачите во описот на видеото.

Според Советот за анализа на високите згради, ова е 18-та највисока кула во Шенжен. Минатата година кинеските власти забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри. Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина, каде што градежните стандарди се слаби, а поради урбанизацијата, изградбата се одвива набрзина, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана