Утрински Весник
Магазин

(Видео) Научници го пронајдоа и уништија првото гнездо на џиновски стршлени во САД

(Видео) Научници го пронајдоа и уништија првото гнездо на џиновски стршлени во САД
Dik 300x250 mk

Американски научници успешно гo уништија првото гнездо на гигантски азиски стршлени откриени во американската држава Вашингтон, благодарение на уред за следење поставен на некои примероци. Гнездото на стршлените со помош на вакуум било извчечено од стебло на дрво.

Станува збор за опасен инвазивен вид инсекти, кој важи за најголемиот вид на стршлени во светот, со дијаметар на крилата од 7,6 сантиметри, пишува Би-би-си.

Само неколку од овие опасни инсекти можат да уништат легло на пчели за неколку часа и да убијат стотици пчели пред да го заземат нивното живеалиште.

Телото им е долго 5 сантиметри, а освен што ги уништуваат пчелите, тие се опасни и за луѓето, кои ги напаѓаат во одбрана. Повеќе убоди може да бидат фатални дури и за луѓе кои не се алергични.

Нивниот отровен убод може да навлезе и преку заштитна облека, но на глобално ниво бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е релативно низок. Според вашингтонскиот музеј Смитсонијан, секоја година во Азија како последица од убодот гинат меѓу 30 и 50 лица. Нивното природно живеалиште е на подрачјето на Азија, од Кина до Јапонија.

Стршлените убијци за прв пат беа забележани во Канада во август 2019 година, а неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, овие инсекти се појавија и во американската држава Вашингтон.

Ентомолозите, научници кои проучуваат инсекти, пронајдоа гнездо со околу 200 опасни инсекти во градот Блејн во близина на границата со Канада.

Во саботата, тим ентомолози во заштитни одела, со помош на специјален апарат, успеа да го вшмука гнездото на инсектите од дрвото, кое потоа беше исечено за да спречи создавање на нови гнезда.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мармалад од тиква и јаболка

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд