Утрински Весник
Македонија

(Видео) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанца

(Видео) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанца

Без дистанца и маски, синоќа во угостителскиот објект „Мош“ во Скопје се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, изјави дека минатата недела против истиот локал била поднесена кривична пријава.

Тој образложи дека не можат да ги затвораат објектите, бидејќи законски е предвидена само кривична пријава за непочитување на протоколите.

Вели дека луѓето не се свесни, а колку и да ги казнуваат операторите, тие повторно ја плаќаат казната.

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 243 нови случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

Јавна расправа за „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“

Сончево и топло до 26 степени