Утрински Весник
Свет

(Видео) Наместо класично ракување, Бајден го поздрави саудискиот принц со тупаница на тупаница

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман со „тупаница на тупаница“, објави саудиската државна телевизија, за време на патувањето на Бајден во Саудиска Арабија, каде што медиумите внимателно го следат говорот на телото и реториката додека Вашингтон се обидува да ги обнови односите, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Белата куќа напорно работеше на средбата меѓу Бајден и принцот престолонаследник, кого Бајден го критикуваше за неговата улога во убиството на новинарот на Вашингтон пост и политички противник Џамал ​​Кашоги, пишува во написите.

Анализираат дека на крајот на средбата, поздравот „тупаница со тупаница“ пред кралската палата во Џеда веројатно ќе биде главната слика од посетата на американскиот претседател.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе се обиде да го намали директниот контакт како ракување за време на неговите посети на Израел и Саудиска Арабија оваа недела поради ризикот од Ковид-19. И покрај тоа, се додава дека Бајден бил виден како се ракува неколку пати за време на неговата блискоисточна турнеја.

Во Саудиска Арабија, Бајден се очекува да разговара за човековите права, едно од неколкуте прашања што ги затегнаа односите откако американските разузнавачки агенции заклучија дека престолонаследникот директно го одобрил убиството на колумнистот на Вашингтон пост Џамал ​​Кашоги во 2018 година. Принцот престолонаследник негира вмешаност во убиството, јавуваат тамошните гласила.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица