Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над 4.000 се повредени. Експлозијата се случи синоќа во магацин за пиротехника во близина на пристаништето во Бејрут.
Првиот човек на службата за безбедност на Либан, генералот Абас Ибрахим на местото на експлозијата демантирал дека станува збор за детонација од пиротехника и изјавил дека станува збор за други експлозивни средства кои биле складирани долго време.
Grande explosão no Porto de beirut #Beirut #beirute #beirutexplosion pic.twitter.com/8whwjHXOJB
— Vagner Mota (@vagnermotasmt) August 4, 2020
„Тоа што се случи не е експлозија од пиротехника, туку некои други експлозивни средства кои биле складирани долг временски период“, рекол Ибрахим.
Либанската телевизија „ЛБЦ интернешнл“ подоцна објавила дека експлодирале 2.700 тони калиум нитрат, пренесува Спутник.
„За време на заварување на отворот низ кој криминалците би можеле да извршат кражба, дошло до детонација на товарот складиран во магацинот со 2.700 тона калиум нитрат – шалитра“, пренела телевизијата.
Експлозијата се случи на пристаништето каде се сместени магацини со силен експлозивен материјал. Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.