Утрински Весник
Свет

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.

Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.

Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводното труење со отровот Новичок. За труењето тој ја обвини власта, а Русија негираше каква било вмешаност.

Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.

Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична