Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: 2021 нека биде година во која ќе почнеме да се почитуваме едни со други

(Видео) Мицкоски: 2021 нека биде година во која ќе почнеме да се почитуваме едни со други

Ја користам оваа прилика најпрвин да ги честитам новогодишните, но и божикните празници на православните христијани, да посакам здравје и среќа за семејствата на нашите сограѓани без разлика на нивната верска припадност, рече претседателот на ВРМО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во изјава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

„Оваа година да ни биде поуспешна, оваа година да биде година на обединување, година кога, како што кажа и во честитката Македонската православна црква, доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме, година во која што очекувам да биде победничка како што тоа го кажа поглаварот на македонската православна црква“, истакна Мицкоски.

Тој посака во 2021 повторно да се почитуваме едни со други и ова да биде година во која што ќе излеземе од сите проблеми кои што ни се случуваа во изминатата.

„Тука пред се мислам на пандемијата и ефектите од пандемијата врз сите други области во државата. Така што еве уште еднаш дозволете ми од мое име да им го честитам празникот Христовото раѓање на православните христијани, тие кои што го прославуваат денеска, оние кои што им е именден, да им посакам да им е вечно името и се разбира на сите наши сограѓани да им посакам здравје и среќа за нив и за нивните семејства“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК