Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Со започнати 1.090 проекти ја разобличивме безидејноста на СДСМ

(Видео) Мицкоски: Со започнати 1.090 проекти ја разобличивме безидејноста на СДСМ

Најважното што се случи во овие први 100 дена е дека покажавме дека умееме, покажавме дека можеме и дека ги менуваме работите, дека има разлика тоа што го работи ВМРО-ДПМНЕ и тоа што го распродава, краде и уништува СДСМ, рече партискиот лидер, Христијан Мицскоски, на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Фокусот беше на општините Охрид, Демир Хисар, Македонски Брод, Вевчани, Брвеница и Јегуновце.

„Секој од започнатите повеќе од 1.090 проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ овие сто дена е огледало на немоќта на СДСМ и нивната безидејност. Отчет за повеќе од 1.090 започнати проекти во првите сто дена, наспроти нула отчети, за нула започнати проекти во општините на СДСМ и ДУИ. Тоа е значајната предност и разлика и на тоа за базира довербата на граѓаните и енергијата на оваа нова генерација на градоначалници и луѓе во политиката која прави промени за нашата заедничка иднина“, истакна Мицкоски.

Партискиот лидер нагласи дека започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта.

„Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии“, рече Мицкоски во обраќањето додавајќи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги изневерат граѓаните.

Можете да прочитате

Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР

СДСМ се спротивставува на етнизирање на науката: „Ова е политичка порака која поттикнува поделби“

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2025/2026