Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дел од пратеничката група попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство.
Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020
Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020
Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 13 август 2020
Мицкоски го обвини Пендаровски дека му го доделил мандатот на Зоран Заев без приложен доказ дека навистина има обезбедено собраниско мнозинство.
„По кој критериум, Пендаровски одлучи да го додели мандатот на човек кој не достави доказ дека има собрано мнозинство пратеници“, праша Мицкоски.
Според Мицкоски, мандатот е киднапиран од Заев бидејќи тој немал мнозинство во Собранието.
Тој смета дека Пендаровски со тоа што му го додели мандатот на Заев, покажал дека не е претседател на сите граѓани, ниту заштитник на Уставот.