Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски од Прилеп: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна

(Видео) Мицкоски од Прилеп: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп вети изградба на автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна и забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот, ако неговата паартија победи на изборите.

„Најпрво благодарам на прилепчани што во голем број се денеска овде во Центарот на Прилеп за да може да разговараме за иднината, да зборуваме за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денеска, би рекол град кој што е целосно застанат во времето. Град во кој што царува криминалот, царува корупцијата, град во кој што практично недалеку од оваа бина од овде имаме информации и сознанија дека практично се продаваат и тргуваат наркотични средства. Град кој што е засрамен од началникот на одделот за внатрешни работи кој што беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и уште многу други работи кои што за жал изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на оваа влада“, рече тој.

Денеска тука во Прилеп, додаде Мицкоски, ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија.

„Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Имаме повеќе здравствени осигуреници од жители, а боледувањата се злоупотребуваат

Апасиев: Другарите на Мицкоски ги избришаа македонскиот јазик и македонскиот идентитет од ЕУ извештајот

Ангелов: Најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење