Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Го дадов мојот потпис против фалсификат попис

(Видео) Мицкоски: Го дадов мојот потпис против фалсификат попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Свети Николе се потпиша на штандот на Граѓанската иницијатива за собирање потписи за законот за поништување на законот за попис.

„Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката“, порача партискиот лидер.

Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката.

Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 20 февруари 2021

Од опозициската партија воедно информираат дека денеска стотици граѓани чекале на ред да се потпишат на пунктовите во Кочани, Делчево, Виница и другите населени места низ источниот дел од Македонија.

Од таму велат дека заинтересираноста за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и меѓу граѓаните од пелагониско.

„Граѓаните се едногласни, нема да дозволат нови грешки заради коалициските договори на Заев. Попис може да има, но тој да биде исклучиво статистичка операција, кој ќе ја отслика реалноста“, стои во партиската порака.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се поставуваат вреќи песок кај Меморијалниот центар АСНОМ кај Пелинце за заштита од поплава

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Драма на Водно: Четворица заглавени на жичара спасени од полиција