Утрински Весник
Економија

(Видео) Мицевски до Џафери: Со закон бараме оризот да биде стратешка култура, а вие го кочите и пет дена не можете да преведете само еден збор

Dik 300x250 mk

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска од собраниската говорница побара од претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница на дневен ред да бидат ставени и предложените измени во некои законски решенија кои беа поднесени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија„.

„ Очекував дека дневниот ред на оваа седница ќе го дополните и со законите кои што ги поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија„ затоа што од четвртокот односно од пред 4-5 дена од денес поднесовме десет законски решенија по скратена постапка. Во одредени закони има измена од само еден збор. На пример во законот за Земјоделство и рурален развој покрај пченицата како стратешка култура, предлагаме да биде и оризот и вие сега ќе ми кажете дека само зборот „и оризот„ го преведувате 5 дена и дека немаат време службите да го преведат. Тоа нема да биде одговор затоа што согласно деловникот законите за скратена постапка се поднесени три дена пред почетокот на самата седница и ваша обврска е приоритетно да ги преведете законските решенија кои што ги поднесуваат пратениците а треба да бидат состав дел на оваа седница“, му порача Мицевски на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”