Утрински Весник
Економија
Img 7972

(Видео) Митрески: Историски раст на БДП од 13,1 отсто во вториот квартал

(Видео) Митрески: Историски раст на БДП од 13,1 отсто во вториот квартал
300x250 opst2

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Според него, ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти.

„Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година , со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти. Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината. Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари“, рече Митрески.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

НЕВИДЛИВИОТ МОТОР НА ТРГОВИЈАТА со приход од 112,4 милиони евра

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура