Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Шилегов од една страна уништува здрави дрва, а од друга страна набавува садници од 9,5 милиони денари

(Видео) Митева: Шилегов од една страна уништува здрави дрва, а од друга страна набавува садници од 9,5 милиони денари

Додека Шилегов сече и уништува здрави дрва, од друга страна набавува садници по енормно висока цена. Вредноста на рамковната спогодба за набавка на садници изнесува 9,5 милиони денари, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во радиус од 200м од ул. Орце Николов каде Шилегов и Богдановиќ уништија здрави дрва, има обележано над 50 суви дрва кои некое време чекаат да бидат отстранети и претставуваат вистинска опасност за безбедноста на граѓаните. Такви дрва има во Градскиот парк во Скопје, има и на ул. Рузвелтова точно пред пунктот кај дрворедот“, рече Митева.

Според неа, согласно Законот за урбано зеленило еден од основните принципи за заштита и унапредување на зеленилото е Одржливоста со која се обезбедува соодветно користење на постојните зелени површини, нивно зачувување, заштита и унапредување, во согласност со воспоставени стандарди и нормативи.

„Очигледно Шилегов нема стратегија за одржлив развој на Град Скопје, напротив спроведува постапки за јавна набавка на урбана опрема и зеленило по енормно високи цени. Дополнително, оние кои се занимаваат со оваа професија велат дека понудените цени за садниците во јавната набавка се повисоки од реалната цена“, рече Митева.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

Траорна атмосфера на комеморацијата за починатите во Кочани – 62 балони во чест на 62 починати