Иако властите уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица, рече на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата ја донесе Македонија во опасност и веднаш треба да одговори дали стоковите резерви биле празни и поради тоа владата не интервенираше на пазарот?! Ако ја земам за веродостојна и изјавата на Пендаровски дека уште пред 5 месеци имале сознанија за војната во Украина, што чекале до сега и зошто до сега не обезбедиле неопходни резерви? Владата треба да одговори и зошто дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа“, посочи партискта портпаролка.
Митева уште еднаш нагласи дека Бектеши, Бесими и Ковачевски уверувале оти стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега, како што кажа, јасно е дека побарале 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
„Колкава е бесрамноста на овие лица од власта штом дозволуваат вакви изјави и тоа најпрво од директорот на Агенцијата за стокови резерви, Реси Абдурахмани, кој кажа – цитирам: Имаме стокови резерви колку што треба. Потоа, Пендаровски изјави: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај, да биде срамот уште поголем, Горан Милевски вели: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка“, рече Митева.